Дождот веќе започна да прави проблеми во одредени населени места, па така во Тетово возило остана заглавено на подвозник.
„Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава дека во населбата Дарданија (Општина Тетово), во близина на подвозникот кај полигонот, се насобрала поголема количина вода.
Едно патничко возило самостојно се обидело да помине низ водата, при што останало заглавено. Возачот навремено го напуштил возилото и не е повреден.
На местото на настанот веднаш излегле екипи на СВР Тетово и ТППЕ Тетово, кои интервенирале со две противпожарни возила и четворица пожарникари за санирање на состојбата.
Во населбата Дарданија постојат две алтернативни улици, кои граѓаните можат да ги користат за непречено извршување на своите секојдневни обврски додека трае расчистувањето и нормализирањето на состојбата.
Апелираме до граѓаните за претпазливост и почитување на упатствата од надлежните служби,“ велат од Центарот за управување со кризи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УХМР со метео-аларм: Пороен дожд и засилен ветер
Фото/ЦУК














