еМагазин
Image default
Македонија

Замислете Германија да инсистира ‘Австрија да ги признае германските корени’, Гералд Кнас за барањата на Бугарија

Поолитички научник и директор на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнас, вели дека Бугарија го уништува кредибилитетот на Европската Унија (ЕУ) на Балканот со најавата за блокада на Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.

Барањето на Софија и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, Скопје да признае дека македонскиот народ и македонскиот јазик имаат бугарски корени го осуди како апсурдно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија да признае дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени, ако не вето, порачува Захариева

„Крајно време е да почнеме со „нашиот источен сосед„: На Твитер ја „подбраа“ Захариева за бугарските корени

„Замислете Германија да инсистира ‘Австрија да ги признае германските корени’, заканувајќи се со ‘тензии’ ако не го направи тоа. Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“, напиша Кнаус на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Боки13 со лисици на распит во Кривичен, претрес во 1ТВ и домот на неговите родители

Редакција

Вице Заев за 1ТВ: Николовски има три дена да ги докаже обвинувањата за криминална коалиција со Мијалков, во спротивно ќе го тужам!

Редакција

Хронично болните се враќаат на работа: За кој не важи одлуката на Владата

Редакција