Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22 јуни до 1. јули, нема да сообраќаат следниве патнички возови:
На релација Скопје – Гевгелија: 611 (06.20) и 631 (16.55).
На релација Гевгелија – Скопје: 630 (04.30) и 632 (17.02).
На релација Скопје – Битола: 641 (07.06) и 645 (20.05).
На релација Битола – Скопје: 640 (03.10) и 644 (18.22).
На релација Битола – Велес: 642 (12.46).
На релација Велес-Битола: 643 (15.25).
На релација Скопје – Велес: 2083 (22.40).
На релација Велес – Скопје: 600 (05.00).
Фото: Град Скопје














