Со грант од ЕУ од 149 милиони евра ќе се гради третата фаза од пругата кон Бугарија

Стартува процедурата за изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија, која е дел од железничкиот Коридор 8.

Истата предвидува и изградба на прекуграничен железнички тунел кој почнува од Крива Паланка и влегува на територијата на Бугарија.

Во овој дел ќе се гради пруга во должина од 22 километри.

Пругата ќе биде едноколосечна железничка линија којашто ќе биде за мешан сообраќај – и за патнички и за товарен транспорт. На истата ќе има 21 тунел со должина од 7,8 километри.

Ќе има и 52 мостови и вијадукти со вкупна должина од околу 5 километри.

Делницата ќе биде целосно електрифицирана.

Истите ќе се градат со грант од Европската унија (ЕУ) од 149 милиони евра, а обезбедени се и 175 милиони евра кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Договорите со нив денеска беа потпишани во Владата.

Следната фаза е да се распише тендер за избор на изведувач.

До крајот на годинава треба да започнат градежните работи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести