еМагазин
Image default
Македонија

Завршни зборови на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“

Странките во кривичниот предмет „Меѓународен сојуз“ денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје е предвидено да ги дадат завршните зборови.

Судењето за овој случај го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Рускоска.

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски-Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари“.

Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се тестираат дополнителни 35 лица, во Скопје веќе има локална трансмисија на корона вирусот

Редакција

Холандскиот амбасадор не гледа политичка волја за промена во Македонија и праша каде отишле парите на европските даночни обврзници

Редакција

Заев и Ципрас за Договорот од Преспа ќе бидат наградени на Минхенската безбедносна конференција

Редакција