Министерството за здравство информира дека претпладнево министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот. Состанокот ќе се одржи во проширен состав, а на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области.
Меѓу другото, на средбата ќе се дискутираат и евентуални нови засилени мерки за заштита на населението и превенција од понатамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.
Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес конференција веднаш по завршувањето на седницата.
Министерството за здравство информира и дека, по информацијата добиена од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, здравствената состојба на сите 7 пациенти кои се позитивни на корона вирусот и се хоспитализирани на клиниката е стабилна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ароганција на најјако“: Докторка „молчи“ за коронавирус, професори бараат секс и поткуп
Каков имот пријавила директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска
Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска ќе биде разрешена во прва прилика
Се затвора Клиниката за кожни болести во Скопје и кожното одделение во Штип