Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека земјотресот во Грција е почувствуван во Битола, Ресен, Охрид и Струга со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од три степени во останатите делови од државата.
Епицентарот на земјотресот бил на 170 километри јужно од Скопје со Рихтерова магнитуда од 4,7 степени.
Земјотресот беше почувствуван и во Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.