еМагазин
Image default
Бизнис

Во април зголемен бројот на туристи и на ноќевања

Во Македонија во април годинава се евидентирани 47.617 туристи, од кои 34.8% се домашни, а 65.2% се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во април 2022 година изнесува 98.979, од кои 36.8% се од домашните туристи, а 63.2% од странски.

Во периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 66.1%, и тоа: кај домашните туристи за 29.2%, а кај странските за 114%.

Во периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 59.5%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 30.2%, а кај странските зголемувањето е за 96.5%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед

Редакција

Пад на извозот за 15,2 отсто во периодот јануари-септември

Редакција

Бранка Павловиќ реименувана за претседател на Управниот одбор на Охридска банка

Редакција