Кој е Жарко Грозданоски, кој е осомничен за убиството на Климе Митрески во Охрид

Жарко Грозданоски (53) од тетовското село Брвеница е топ тема во јавноста и на социјалните мрежи откако беше осомничен за убиството на 76-годишниот Климе Митрески во Охрид.

Според информациите кои ги соопштија Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид, двајцата во февруари 2025 година склучиле договорот за доживотна издршка на Митрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Користољубие е мотивот за убиството во Охрид, истото е снимено со камерa: Детали од Обвинителството

Но, Митрески решил да го раскине договорот, па како што информираа од Обвинителството, Грозданоски, го нападнал од зад грб во неговиот дом, по што го задушил.

Од Обвинителството информираа дека критичните моменти биле снимени на надзорни камери кои ги имал во куќата Митрески.

Договорот за издршка, како што објавија повеќе медиуми, предвидувал Грозданоски да наследи недвижен имот во Охрид, проценет на над 1 милион евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи синот на Грозданоски: Брвенчани и тетовчани знаат кој е татко ми како доктор и човек

Подршка во меѓувреме преку социјалните мрежи му даде неговиот син Божидар Грозданоски, како и од движењето “Христијанско братство“, каде е еден од лидерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Цврсто стоиме зад братот Жаре: Се огласија од „Христијанско братство“

Кој е Грозданоски

Тој работи како анестезиолошки техничар на универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, во Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а претходно работел и во Клиничката болница во Тетово.

За него во 2019 година е поднесена кривична пријава за упатување смртни закани кон тогашниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Тој исто така бил меѓу членовите на „Христијанско братство“ кои учествувале и во протестите што кулминираа со упадот во Собранието на 27. април 2017 година, како и во протестите против уставните измени во 2018 година.

„Христијанско братство“ е основано во 2015 година, а седиштето му е во Брвеница.

Како што објави порталот 360 степени тој бил гонет и за кривичното дело „оштетување туѓи предмети“. Тогаш тој се согласил да плати отштета од 23 илјади денари зашто ја оштетил шофершајбната на лицето што го тужело, во замена тоа да ја повлече пријавата против него.

Грозданоски е автор и на неколку книги – „Одмазда“, објавена во 2024 година, пред една година ја објавил книгата „Конверзија“, а во јануари лани „Крвавиот камен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По расправија го задушил со раце: Детали од МВР за убиството во Охрид

(Видео) Работи на КАРИЛ, му се заканувал на Заев: Познат идентитетот на осомничениот за убиството во Охрид

Фото: Фејсбук/Грозданоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести