еМагазин
Image default
Бизнис

Жени се носители на 5.000 нови земјоделски стопанства

Има драстична промена во Единствениот регистар кој покажува дека скоро 5.000 нови носители на земјоделски стопанства се жени. Досега се склучени над 300 договори за грантови од 3.000 и 6.000 евра и веќе, во најголем дел, 90 отсто од барањата се поднесени за исплата. Тоа значи дека жените ги реализираат инвестициите во руралните средини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Пред почетокот на завршниот настан за проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“, Николовски уште еднаш потенцира дека главен столб на македонските земјоделски политики се младите и руралните жени.

-Со Факултетот за земјоделски науки и храна и Националната федерација на Фармери ја креиравме мерката 115, популарно наречена „Рурална жена“. Прв пат во 2021 година, 250 жени земјоделки добија грант до 3.000 евра и ветување дека двојно ќе ја зголемиме поддршката. Тоа и го направивме.

Лани доделивме 70 договори за грант до 6.000 евра по корисник, а оваа мерка продолжува. За успешноста на мерката најмногу зборува бројот на регистрирани жени земјоделки. Од 2018, пред почетокот на мерката, до сега има скоро 5.000 нови регистрирани жени земјоделки.

Ова е најголемата потврда дека жените земјоделки ја препознаа нашата поддршка. Ги охрабривме да бидат погласни, повидливи и поприсутни во општеството. Ги охрабривме да ги следат политиките кои ги креираме за нивна поддршка. Сега жените земјоделки се поактивно учествуваат и при аплицирањето за другите мерки, како и на јавните повици на Министерството, изјави Николовски.

Според него, жените ја користат и можноста за продажба од куќен праг.

-Паралелно со мерката за поддршка од 6.000 евра, се направи измена и на Правилникот за продажба од куќен праг, со цел полесна регистрација на производителите како помали оператори со храна.

Денес, мед, ајвар, сирење, кашкавал, маџун и многу други производи легално може да се продаават со што ги поддржуваме, но и поттикнуваме жените од руралните средини.

Во новата Национална програма се предвидува зголемување на оваа мерка како грант и до 10.000 евра. На последниот повик за грантови на мали произодители од животниско и неживотниско потекло, од 130 апликации, околу 50 се поднесени од жени, што зборува за зголемениот интерес за користење на расположливите програми.

Наша обврска е да ги искористиме максимум можностите за да им помогнеме на руралните жени, посебно во реализацијата на нивните инвестиции, подвлече министерот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопски пазар“ ја „здрма“ берзата: Продадени акции за 1,5 милиони евра

Редакција

„Орка холдинг“ неколкукратно ја зголеми добивката

Редакција

МВР склучи договор со ЕСМ Продажба вреден 19,1 милиони евра

Редакција