еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ: Одговорност за полициските службеници кои ја злоупотребиле положбата за да ја вознемируваат новинарката Вики Клинчарова

Според информацијата објавена на порталот Фокус, полициски службеници од полициска станица Неготино денеска дошле на домашна адреса на новинарката Вики Клинчарова од Фокус поради службен разговор, односно поради предупредување поради поплака од страна на жената возач која на осми август удри 11-годишно дете со автомобил на улица „Маршал Тито” во Неготино.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) смета дека постапката на МВР да се предупредуваат новинари поради објавен текст е непримерна, несоодветна и непотребна, бидејќи на тој начин се врши притисок врз слободата на изразување на новинарите.

„Бараме одговорност од полициските службеници кои ги злоупотребиле своите овластувања да одговараат за истите, односно против нив да биде поведена дисциплинска постапка.

ЗНМ ќе поднесе претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, со што ќе се бара одговорност за прекршување на полициските овластувања. Очекуваме во најкус можен рок да бидат санкционирани одговорните лица,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува оценската мисија: Судскиот совет од утре под лупа на ЕУ

Редакција

Македонија на Турција ќе ѝ помогне со 6 милиони денари, спасувачки тимови, медицинска и хуманитарна помош и механизација

Редакција

Судот го одби барањето на обвинетите за запирање на постапката за „Титаник“

Редакција