Од денеска, во сите Зур маркети на територија на Град Скопје, сите потрошувачи со секоја издадена фискална сметка за купените артикли, ќе добијат и упатство за заштита од корона вирусот.
Упатството испишано на задната страна на фискалната сметка е според основните мерки на Владата на Република Македонија и Светската здравствена организација за заштита од Ковид-19.
Зур маркети преку оваа иновативна идеја, се првите маркети кои што на овој начин започнуваат да придонесуваат за зголемување на свесноста на граѓаните за заштита од корона вирусот и за зголемување на општествената одговорност.
Придонесот на Зур маркети кон доброто на заедницата е важен дел од нивната корпоративна стратегија. Како општествено одговорна компанија Зур маркети, се грижат да им понудат на купувачите не само производи со висок квалитет и прифатливи цени туку се грижат и за нивното здравје.
Со воведување на оваа иновативна идеја, фокусот е ставен на здравјето на купувачите, кое што е од големо значење за самата компанија.
Пораката која што ја испраќаат преку оваа активност е дека треба преку обединетост и почитување граѓаните да се заштитат себеси и луѓето околу нив. Ова е полесен начин да се потсетуваат сите на превентивните мерки за заштита од новиот корона вирус.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА