еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Битолчанец загина откако со возило излетал од пат

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека 63-годишен битолчанец загинал на лице место откако со возило излетал од пат во битолско село.

– На 31.05.2024 година во 14.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на с.Кременица, битолско, Ж.Р. (63) од село Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош, соопштија денеска од полицијата, велат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Условна казна за докторот кој ја породуваше Веапоска

Редакција

Фактори на ризик и превенција на несакани последици од алергии на храна

Редакција

Грчки навивачи дивеаа во центарот на Скопје: Краделе по продавници, физички напаѓале минувачи

Редакција