Бура од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика одлуката на судијата од Основниот суд Тетово, Ељведин Ферати само на две години затвор да го осуди Менсур Пајазити, кој во август 2022 година смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Менсур Пајазити кој ја прегази Теодора Ристовска на пешачки во Тетово, осуден на две години затвор
Пајазити претходно беше осуден на три години и шест месеци затвор.
Оваа пресудата беше укината од Врховниот суд. Апелациониот суд пак претходно истата ја намали на две години затвор.
На Пајазити му се судеше за делото тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое казната е до пет години затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве дел од реакциите на социјалните мрежи:
Ева ,сестра на Теодора :
Колку вреди животот на сестра ми ? pic.twitter.com/itlMVblQDx— Бранче Паланчанче (@Bransi_17) April 7, 2025
2 години затвор за возачот кој смртно ја прегази 22 годишната Теодора во Тетово.
Одговарал за "ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ."
Какви се тие ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ чија казна предвидува од 1 до 5 години затвор бре ?
🙈— 🙈 OnePick 🙈 (@Onepickright) April 7, 2025
Тага и бес ме обзема за "казната" за убиецот на Теодора. Од немоќ само ми останува да ги пуштам солзите да течат.
— Една (@PravednaTavita) April 7, 2025
Судијата кој денес донесе пресуда од само 2год затвор за убиството на Теодора Ристовска❗️
ОЈО ќе реагира или пак паднаа во зимски сон? pic.twitter.com/mcI2S328mN— Ноџиња (@VoDieMde) April 7, 2025