Димко Митрев АД Велес лани остварил нето добивка од 188 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година истата е помала за 256%, информираат од таму преку Македонската берза.
-Имено во пресметковниот период е остварен вкупен приход од 296.378 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2022 година е помал за 21%.
По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 93%, приходите од домашен пазар со 3% и други приходи со 4%.
Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат.
Во периодот од 01.01. до 31.12.2023 година вкупните расходи изнесуваат 296.058 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2022 година се помали за 21%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Антон Јовиќ е нов генерален извршен директор на велешки „Димко Митрев„
Велешки Димко Митрев со намалена добивка во првото полугодие