еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Убиен таткото на Гани Туша, осомничениот за убиството на Орхан Бајрами – Оки 

Во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце вчера е пронајдено телото на таткото на Гани Туша, Зељкиф Туша, кој е осомничен за убиството на Орхан Бајрами – Оки, еден од водачите на групата „Дуќанџик“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Гани Туша, осомничениот за убиството на Оки, чиј татко е убиен

Гани Туша се сомничи и дека е поврзан со двојното убиство во кафулето „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија, кога беше убиен и друг водач на истата група, Јетон Кривањева-Жила.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи убиениот бил пронајден од неговиот брат без знаци на живот и прострелни рани од огнено оружје.

-Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје, информираа од таму.

Вчера имаше и пожар во кафулето „Барон“ во скопската населба Чаир. Туша е дел од групата Барон, соперничка група на „Дуќанџик“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор, тврди доктор Грозданова

Редакција

Продолжува трендот на негативен природен прираст

Редакција

Годинава повеќе барања за бугарски прасош во Албанија, отколку во Македонија

Редакција