Брас Брадерс објавија песна со македонската пејачка и кантавторка Наташа Мијат Крстевска – Мијата, “I Wanted More“.
Ова е прва соработка на Брас Брадерс со македонски изведувач, а од таму најавуваат и нови соработки со други македонски изведувачи.
Песната “I Wanted More“ е дел од вториот албум на Брас Брадерс, “We Are Energy“.
Музиката и аранжманот се на Горан Мицевски Кус, фронтмен и тромбонист во Брас Брадерс, а текстот е на Мијата.
Фото/видео: Промо
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.