Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кој пред извесно време излезе од затвор, е снимен како излегува од луксузно црвено ферари во Монте Карло, Монако, објави порталот Скопје 1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мијалков е слободен човек, излезе од затвор
View this post on Instagram
Според снимката тој е снимен пред луксузниот мишелин ресторан “Луј 15“.
Нема официјална информација од кога е снимката, а според порталот, таа е направена во Монте Карло, а е објавена на Инстаграм вчера, без да биде наведен изворот.
Според порталот ваково возило, зависно од годината на производство, чини од 629.990 до 709.900 долари.
Мијалков освен што е на „црната листа“ на САД, беше обвинет во неколку случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од сите дела, одлежа казна затвор само за случајот „Империја“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Браќата Сашо и Владимир Мијалков одликувани со орденот „Свети Николај“ од МПЦ ОА
Синот на Мијалков купи три станови на татко му на Водно, објави Призма
Фото/видео: Скопје 1