Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа во Вашингтон, САД, јавно, пред камери, го понижи гостинот Володимир Зеленски, претседателот на Украина.
Заедно со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, пред камери го искараа зошто не носи костум, дека не сака прекин на војната, и дека не се заблагодарил за американската помош, по што Зеленски предвреме ја напушти средбата, а немаше ни заедничка прес-конференција.
Watch this carefully. Very important.
pic.twitter.com/wdM3XdbrH1— Elon Musk (@elonmusk) February 28, 2025
Не се потпиша ни договорот за минералите, кои САД ги бараше од Украина во замена за дадената помош.
По инцидентот пристигнаа бројни реакции од европските лидери кои му порачаа на Зеленски дека не е сам, а тој пак од Украина и се заблагодари на САД за досегашната помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе добие ретки минерали од Украина во вредност до 350 милијарди долари
И ЕУ сака од „критичните суровини“ на Украина
Фото: Зеленски/Фејсбук/видео: Маск/Fox news