Убиецот на 29-годишната Емилија Пешева од Штип, Фадил Зејнелов (33), денеска доби доживотна казна затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доживотен затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева од Штип
Родителите на Пешева, Џемиле Сала и Слободан Пешев, пред Основниот суд Штип изразија задоволство од казната, порачувајќи дека и покрај тоа што нивната ќерка нема да се врати, е донесена вистинската казна.
Погледнете ги нивните изјави во видеото на локалната телевизија Mnet:
Пешева беше убиена на 1. ноември лани.
Пред убиството имало кавга помеѓу Пешева и Зејнелов, бидејќи таа сакала да ја прекине врската.
За нарушените односи помеѓу нив знаеле и полицијата, Обвинителството и Центарот за социјални работи. Кај нив имало пријави дека Пешева е жртва на насилство. Но, се откажувала од гонење, поради стравот од ново насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиената 29-годишна жена од Штип била удирана со тупаници, па задавена: Детали од Обвинителство
Фото/видео: Mnet