На денешната средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ биле договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.
„Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање,“ информираа од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата од ВМРО-ДПМНЕ биле присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот, Владимир Нелоски, а од „Вреди“ Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети тврди дека со лидерите на „Вреди“ потпишале документ за уставни измени
Фото: ВМРО-ДПМНЕ