Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера во 7:20 часот, на патот Кочани – Штип, во близина на клучката кај Три Чешми, автомобил „сеат леон“ управуван од 43-годишниот С. М. од Пробиштип, удрил во 41-годишниот И. К. од Штип, кој работел на патот. По ударот, автомобилот излетал од коловозот.
И. К. добил тешки телесни повреди, а возачот С. М. добил полесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Јавен обвинител и екипа од СВР Штип извршиле увид на местото на несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возач удрил во работник кој косел трева на експресниот пат Штип-Кочани
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.