Во втората половина на 2025 година инфраструктурниот фонд со седиште во Луксембург, “Алказар енерџи“ треба да почне со изградба на ветерна фарма со 55 ветерници на земјиште меѓу Карбинци, Радовиш и Штип.
Фармата ќе произведува еден терават струја или околу 20% од вкупно произведената струја во земјава, а истата според најавите ќе почне да произведува струја во 2027 година.
Со инвестицијата како што најавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и генералниот директор на “Алказар енерџи„, Даниел Калдерон на презентацијата на проектот во Скопје, ќе се обезбеди струја за 100 илјади домаќинства.
Овој парк ќе биде најголем во Западен Балкан и ќе се вработат 630 лица за неговата изградба.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.