еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Дружбата во природа е дел од градењето на компаниската култура и организација на Малиќи груп

Малиќи груп во соработка со Здружението на граѓани Green and rural, веќе втора година по ред реализира тим билдинг во природа за вработените. Ваквиот тип на активности надвор од канцеларија има голем бенефит за вработените.

Томче Алексовски, Специјалист за регрутирање и развој на таленти

„Работните обврски на секој од нас налагаат најголем дел од времето да го минуваме на работа. Од таа причина навистина е важно какво е нашето работно опкружување и какви ни се контактите и односот со колегите.

Ваквиот вид на настани во природа помага да се запознаеме подобро со колегите, да размениме знаења и искуства надвор од работните места што придонесува до поголема синергија која и тоа како помага работното секојдневие да биде исполнето со позитивна енергија и конструктивност,“ вели во разговорот за еМагазин, Томче Алексовски, специјалист за регрутирање и развој на таленти, во компанијата.

Малиќи груп ја препознаа важноста на ваквиот тип на аутдор активности за вработените и затоа, колку што дозволуваат обврските, ги практикуваат.

„Нема сомнение дека пристапот кон вработените е клучен во градењето на една успешна компанија. Ние навистина сакаме да придонесеме кон тоа нашите вработени да се чувствуваат мотивирано, па оттаму правиме многу активности кои придонесуваат кон тоа а ваквиот вид на дружба надвор од работното место е една од нив. Веќе неколку години практикуваме да имаме дружба во природа која навистина помага во однос на градењето на компаниската култура и организација,“ додава Алексовски.

Според него придобивките за вработените и за компанијата се значајни, бидејќи како што вели, се чувствува свежина на енергијата која ја носат ваквите настани.

„Запознавањето и размената на идеи и искуства во различно опкружување значително придонесуваат кон поголема мотивираност, конструктивност и позитивна енергија,“ потенцира Алексовски.

Најважно е што вработените се задоволни од ваквата пракса, која во јавноста е препознатлива по грижата за задоволство на луѓето во компанијата.

„Во изминативе години почувствувавме дека на вработените им е потребна оддишка од секојдневните обврски и ангажмани и дека присуството на вакви настани со меѓусебно вмрежување со колегите од различни сектори и работни позиции  им дава можност да ја продлабочат соработката и во однос на својата работна позиција да ја сфатат важноста на својот влог во целосната слика на успехот во работењето кој Малиќи Груп ја прави конкурентна компанија години наназад,“ додава нашиот соговорник.

Многу значајно е што ваквото позитивно искуство од аутдор активности на вработените во Македонија, се пренесува и на Малиќи груп во соседството.

„Многу сме среќни што работиме во компанија која има свои подружници и во земјите во соседството, така што размената на искуства во поширок спектар е навистина позитивно искуство. Ние многу соработуваме со нашите колеги во соседството и секако на ваквиот вид на настани ги покануваме и секако присуствуваат и тие, како и ние на настани кои се организирани од нивна страна. Убаво е чувството на учење и раст во својата работна околина и чувство на припадност во компанија која со својата работа е позната и проширена и во регионот,“ завршува Алексовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Курц: Гласајте „за“ договорот и „за“ европска перспектива на Македонија

Редакција

Пациент запалил цигара во болничка соба за кислородна поддршка, со навремена реакција спречена експлозија

Редакција

(Фото) Се ожени министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски

Редакција