По повод меѓународниот ден на еднакви плати, на 20. септември во организација на Алијансата за родова еднаквост, се одржа третата годишна конференција на тема “EqualXChange: Empowering Ideas, Inspiring Journeys”.
На конференцијата гостуваа интересни гости од различни области кои преку панел дискусии, студии на случај и keynote говори, ги претставија нивните инспиративни животни и кариерни приказни и на публиката ѝ испратија силни пораки кои мотивираат.
Како дел од панел дискусијата „Моќта на различноста и инклузивноста во претприемништвото“, учество зедоа Ана Марија Вуковска, ко-основачка во Parallel Group Architects, Property One Real Estate & Development, Драгана Андреевска, сопственичка и фитнес тренер на Fierce Fitness и Душко Чифлиганец, заменик претседател на Adora Business Group.
Душко Чифлиганец, потпреседател на Адора, компанија која од недвижности се диверзифицираше и успешно работи и во два други сектори од национален интерес, финансиите и енергетиката, во своето излагање испрати силна и чувствителна порака дека неговата филозофија во работата е секогаш да се опкружи со тим од попаметни луѓе од него и императив на Адора е секогаш да создава тимови составени од докажани професионалци во своите сфери, информираа од таму.
Воедно тој смета дека една од неговите најголемите доблести е што секогаш се потпира на својот тим и смета дека токму тимот покрај него е една од најголемите причини за успешна реализација на сите досегашни проекти.
Исто така, Чифлиганец говореше и за тоа како родовата еднаковст и инклузивноста успешно да се имплементираат со носењето на позитивни бизнис одлуки, што успешно се прави во Адора. Душко Чифлиганец на крај испрати инспиративна порака дека никогаш не смее да се дозволи да ја изгубиме нашата храброст и отвореност кон нови бизнис хоризонти.
На панелот Ана Марија Вуковска во своето излагање ја „откри“ тајната на успешниот развој на Property One Group, каде таа со својот бизнис и животен партнер создале успешна бизнис приказна, каде иновацијата и креативноста од нејзина страна и работата на нејзиниот партнер довеле до развој на групацијата и надвор од границите на Македонија.
Свое инспиративно излагање имаше и Драгана Андреевска, која пасијата кон тренингот ја претвора во успешна бизнис приказна и го создава Fierce Fitness, каде секојдневно им помага на жените да се чувствуваат подобро во својата кожа.
Но, таа со својата приказна не само што секојдневно мотивира жени да живеат посреќно и позадоволно, туку со својата бизнис приказна ни испраќа и порака дека треба да го слушнеме внатрешниот глас кој ни вели да тргнеме во одреден правец, како пасијата да ја претвориме во бизнис и да ја живееме секој ден.
Годинешниот слоган „Empowering Ideas, Inspiring Journeys“, навистина беше оправдан, бидејќи конференцијата преку својата агенда и гостите говорници, успеа да инспирира, да разбуди нови идеи и повторно да ја потенцира важноста на родовата еднаквост во секоја сфера од бизнисот и животот.