Овој предновогодишен период кога наокoлу се шири весело расположение и радост, за децата претставува најубав дел од годината исполнет со многу љубов и подароци. За жал, за некои деца празниците се само уште еден потсетник на нивната празнина и осаменост.
Топол дом и грижа за децата без родителска грижа за празниците, е емотивната порака која оваа кампања на СОС Детско село силно ја пренесе на пошироката јавност. За „Ниту едно дете да не расте само“, да поделиме љубов и радост на оние на кои им се најмногу потребни.
– Ова видео сакавме да биде јасен потсетник за важноста на семејството во животот на децата, особено во овие празнични мигови. Секое дете заслужува среќно и безгрижно растење. Во изминатите 22 години, СОС Детско село ги поддржува згрижувачките семејства за децата без родителска грижа да растат со љубов, грижа и семејна топлина.
Искрена благодарност до сите граѓани кои земаа учество во оваа кампања, ја споделија и проширија оваа наша порака. Благодарност и до оние кои станаа наши СОС Пријатели и овозможија и децата без родителска грижа да ја почувствуваат магијата на празниците. Се надеваме дека ова наше пријателство ќе продолжи и во иднина, бидејќи поддршката на децата без родителска грижа е потребна постојано, во континуитет. Само со посветена грижа ќе овозможиме нивна сигурна иднина, велат од СОС Детско село.
Овие празници нека бидат мотив повеќе за радост и добри дела. Секој од нас може да помогне во мисијата на СОС Детско село и да усреќи многу деца без родителска грижа. За ниту едно дете да не расте само, помогнете и донирајте преку веб-страницата на СОС Детско село.