еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Зошто Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“ доби домашен притвор?

Наместо во притвор во истражниот затвор „Скопје“, познат како Шутка, сопственикот на фирмата „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски за случајот со злоупотребите за набавка на сомнителен мазут за ТЕЦ Неготино доби домашен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Основниот кривичен суд Скопје, со различни објаснувања зошто е тоа така.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капушевски во притвор, Јахоски во домашен притвор

Од Кривичен информираа дека судија на претходна постапка му определил домашен притвор, бидејќи обвинителот од ОЈО ГОКК го преиначил барањето и се откажал од затворски притвор.

Од Обвинетелството пак велат дека тие побарале затворски притвор, но Судот не прифатил.

Од таму појаснуваат и дека Јахоски се товари за кривичното дело Перење пари и други приноси.

-Во образложението на Решението е истакнато дека судијата на претходна постапка при донесување на одлуката ги имал предвид околностите истакнати во предлогот на Обвинителството, но во исто време ги имал предвид и субјективните околности што се на страна на осомничениот, односно дека истиот со одлука на Основен граѓански суд Скопје е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација.

Сите овие околности, како што е истакнато во решението, одат во прилог на намален ризик од бегство и во насока на оправданост за определување на поблага мерка за обезбедување на присуство.

Така, судијата на претходна постапка не прифаќајќи го предлогот на Обвинителството одлучил на осомничениот да му изрече мерка куќен притвор, а воедно оценил дека се исполнети условите да му биде изречена и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.

Обвинителството во соработка со правосудната полиција презема дејствија во насока на обезбедување на докази за сопственост на движен и недвижен имот на осомничените со цел нивно обезбедување заради понатамошна евентуална конфискација, информираа од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?

Детали од МВР за апсењето на Капушевски и Јаоски: Запленето и оружје

Кои други лица освен Капушевски, Јаоски и Ковачевски се опфатени со истрагата за набавката на мазут

Фото: Економија и бизнис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ и топланата „Скопје Север“ потпишаа договор – ќе продолжи испораката на греење во општините Чаир и Бутел

Редакција

„Скопски пазар“ ја зголеми добивката за 235 отсто

Редакција

Каков имот пријавил Горан Милевски, новиот министер за локална самоуправа

Редакција