Од Министерството за здравство информираа дека немаат надлежност за трајно користење на земјиштето на кое се наоѓа паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести.
„Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките.
Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност,“ велат од Министерство за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да беше наша надлежност, ѕидот одамна ќе беше саниран, велат од Општина Центар