Како и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, тврди дека опозициската ДУИ наесен може да преземе чекори за дестабилизација на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ есенва може да преземе чекори за дестабилизација на државата, вели Мицкоски
„Точно е дека постојат информации кои се во насока на тоа што го говори премиерот. Јавноста треба да биде запознаена со сите факти што се во нејзин интерес, а ова е едно од тие прашања“, изјави тој за Канал 5.
Министерот, како и премиерот не откри конкретни детали за тоа како ДУИ ќе ја дестабилизира земјава.
“Нормално дека ќе бидат вознемирени, нормално дека ќе гледаат да реагираат. Сето тоа би било нормално доколку го прават во рамки на едни демократски механизми, во делот на протести. Но, не е нормално доколку нивната крајна цел е токму дестабилизација на државата“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МВР