еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкави приходи и профит остварила „РКМ“ на Ратко Капушевски, кој заврши во притвор за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино

Фирмата „РКМ“ на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, кој е доминантен сопственик, е во фокусот на јавноста откако истата се најде во истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за набавка на мазут за државната ТЕЦ Неготино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

И двајцата добија по 30 дена притвор, а со истрагата се опфатени уште неколку лица, меѓу кои и сопственикот на “Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство, поранешениот директор на сектор во ЕСМ, Адриан Муча

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ратко Капушевски, сопственикот на „РКМ“, кој заврши во притвор за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино

Како работела „РКМ„?

Како што објави 360 степени „РКМ“ во 2018 година имала приходи од околу 67 илјади евра и профитот од 53 илјади.

Кон крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година, “РКМ’ склучила два договори со државната ЕСМ за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино во вкупна вредност од 112 милиони евра, што значително влијаела на нејзините приходи и профит.

Откако ги склучува милионските договори за мазут, нов доминантен сопственик на „РКМ“ станува Сулкоски, кому, како што објави 360 степени, Капушевски му го продал мнозинскиот удел од 65% за само 24 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е „Пуцко Петрол„ на Асмир Јахоски, кој е осомничен за перење пари при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино

Каков имот пријавил Ратко Капушевски, кој заврши во притвор за набавката на мазут

Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?

Илустрација: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли денеска „инвазија“ на маркетите пред бојкотот утре?

Редакција

Стартува масовната вакцинација, за денеска закажани термини за 3.000 граѓани

Редакција

Во јули имало 620 пожари, најчесто предизвикани од човечки фактор

Редакција