Доцентот Д-р Никола Ѓорѓиевски е нов директор на Универзитетска клиника за нефрологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се новите директори на клиниките
Дипломирал на Медицинскиот Факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во 2008 година како прв дипломиран студент на генерација.
Од март 2014 година е вработен во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Нефрологија, при што во 2016 година е избран за асистент на катедрата по интерна медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, а од 2024 гоидна е избран во звање доцент.
Во октомври 2019 го положил специјалистичкиот испит и се стекнал со називот специјалист по нефрологија.
Од март 2020 година е назначен за национален координатор од Македонија при европскиот регистар на болните со бубрежна заместителна терапија на ERA-EDTA (European Renal Association-European Dialysis and Transplantation Association).
Ѓорѓиевски е автор и ко-автор на 12 трудови објавени во медицински списанија со IF (фактор на влијание) и 25 трудови објавени во меѓународни и домашни медицински списанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Славица Арсова, новата директорка на Психијатрија
Фото: Фејсбук/Ѓорѓиевски