еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривичен го прифати обвинението за Васил Јованов, се чека термин за судење

Основниот Кривичен суд го одобри обвинителниот акт против Васил Јованов, возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова на пешачки па булеварот Партизански одреди.

“Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт, ГО ОДОБРИ обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К.

Со одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот, а кога ќе биде насрочен термина за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, велат од Кривичен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му се заканува до 20 години затвор: Поднесено обвинение против Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова

Обвинение и за таткото на Васил Јованов, му го давал автомобилот иако немал возачка и бил сторител на сообраќајни прекршоци

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Рекет“: Боки 13 земал пари од Марина Туцаковиќ, Русковска го праша дали тој е „ороспија“

Редакција

НЛБ Банка ќе дели дивиденда од 2.636 денари бруто по акција

Редакција

Општина Центар склучи договор со Изградба-комерц вреден 2,9 милиони евра

Редакција