еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Македонската „The Dude Specialty Coffee“ прогласена за една од 100. најдобри кафетерии во светот – „посветеноста доби признание“

Скопската кафетерија „Dude Specialty Coffee“, која веќе четири и пол години го нуди најдоброто кафе во градот, доби признание за својата страст и посветеност во работењето – избрана е во „топ 100“ кафетерии од целиот свет на престижниот избор „The Worlds 100 best coffee shops“ во склоп на Мадридскиот кофи фестивал.

„Ова е огромно признание за целокупниот тим  на „The Dude Specialty Coffee“ но и светско уважување на брзорастечка скопска Спешлти кафе сцена. Кога го отворив „The Dude“ главна мисија беше да станеме препознатливи по „доброто кафе“, а сега таа потврда ја добивме во меѓународни рамки.

Токму поради тоа сега имаме уште поголема мотивација да го задржиме нашиот квалитет и да им нудиме врвно уживање на сите љубители на овој исклучителен производ, од кој се воодушевени, речиси сите луѓе,“ истакна Мирче Чашуле, сопственик на кафетеријата.

Во конкуренција од најдобрите кафетерии од сите континенти „The Dude“ го освои 63. место, а изборот е направен од 60.000 гласови и седум професионални судии.

Критериум за изборот се квалитетот на кафето кое се сервира, искуството и подготвеноста на  баристите, услугата, иновацијата во работењето, амбиентот и конзистентност на производот.


Покрај признанието за „Топ 100 кафетерии во светот“, оваа кафетерија е прогласена за најдобар „Specialty Coffee“ во Македонија за 2024та година според глобалниот водич за „Specialty Coffee European Coffee trip“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 8 лица

Редакција

Нови 361 случаи на Ковид-19 од 3.028 тестирања

Редакција

(Галерија) Новогодишна магија во Битола: Накитени Широк Сокак, Старата чаршија и Офицерскиот дом

Редакција