еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Малолетник повреден во забавен парк во Ново Село, откако врз него паднал рефлектор

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека денеска во 00.30 часот во СВР Струмица, од Медицинскиот центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од струмичко.

„Според пријавеното, малолетникот се здобил со повредите во забавен парк во с.Ново Село, откако врз него паднал рефлектор. Во врска со настанот од слобода бил лишен Б.К.(40) од Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ се вели во билтенот на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна скринигот на учениците за Ковид-19: Тестираните ученици од скопското училиште „Зеф Љуш Марку“ се негативни

Редакција

Мукаетов за The Region: Во ЕУ имаме над 950 дозволи за наши сопствени фармацевтски производи

Редакција

ГТЦ со загуба во последните три месеци од минатата година

Редакција