еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Малолетници во бесознание и со повреди по телото пронајдени во куќа во Скопје

Две момчиња и две девојчиња на возраст од 14 до 17 години, попладнево биле пронајдени во безсознание и со повреди по телата, во куќа во Скопје.

„На Универзитетската клиника за Токсикологија се донесени четири малолетни деца во исклучително тешка општа здравствена состојба. Веднаш се опсервирани од нашата дежурна екипа и почнато е со соодветна терапија и клинички испитувања.

Две од децата се прилично стабилизирани, биле со пореметена свест. Другите две деца се пратени на дополнителни иследувања,“ изјави директорот Андон Чибишев за телевизијата Телма.

Според МВР, денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир, и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци.

На лице место излегол и јавен обвинител, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Гевгелија во новогодишно издание

Редакција

Докторот Вело Марковски прв кандидат за претседател на Македонија

Редакција

Седумдесет и тригодишник бил нападнат од 80-годишен кавадарчанец во Ваташа

Редакција