Последното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, беше одложено откако првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо побара изземање на јавна обвинителка Жаклина Крстевска Јосифовска и целото Основно јавно обвинителство од случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Образложувајќи ги причините за барањето за изземање, според обвинителката, Палевски, користел тајни податоци од истрагата, познати само на Обвинителството.
Слободен печат пишува дека Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе истражува кој му ги дал податоците на Палевски и отворило предмет, а од Обвинителство пак како што пишува весникот, тврдат дека засега кај нив нема докази за „кртови“.
Адвокатот Јанаки Митровски пак за весникот вели дека податоците од МВР се незаконски протечени и дека треба да се гонат „кртовите“ од МВР или од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Палевски/Фејсбук