еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Минималната синдикална кошничка во февруари повисока за 521 денар

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информираа дека минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79.148 денари.

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.427 денари, за облека и обувки, 5.800 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење, 6.096 денари. За лична хигиена и одржување на хигиена во домот треба да се одвојат 2.195 денари, за здравје, 1.135 денари, а за транспорт 4.844 денари.

За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари за рекреација и култура, 4.592 денари, за образование, 7.036 денари, за ресторани и хотели, 4.131 денари, а за останати стоки и услуги, 1.100 денари.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21.471 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, не се отповикани

Редакција

ЈП Водовод Куманово склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 609 илјади евра

Редакција

Народната банка регистрира пораст на цените на становите во Скопје од 4%

Редакција