Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Томислав Тунтев од лични причини поднел оставка од функцијата на 27. мај, објави ohridnews.com.
-Оставката ја поднесов од лични причини. Управниот одбор на АЦВ на својата седница одржана во четвртокот, на 30. мај 2024 година, во согласност со законските прописи, ја констатираше поднесената оставка и донесе одлука за разрешување од функцијата директор на АЦВ, на мое барање.
Со тоа, на 31. мај 2024 година престана мојот работен однос во АЦВ, вели Тунтев за порталот и посочува дека продолжува на работното место во ТАВ Македонија, кое досега му беше ставено во мирување.
Фото: Фејсбук/АЦВ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.