Бура од реакции во грчката јавност и медиумите предизвика однесувањето на пратеникот на владејачката партија Нова демократија, Димитрис Киријазидис, откако на седницата во грчкиот Парламент за недоверба на Владата ја навреди лидерката на партијата „Курс на слободата“ и пратеничка, Зои Константопулу, пренесува дописникот на еМагазин од Солун
За време на расправата и порача да оди да има дете или да посвои, а од неговата партија веднаш го осудија неговото однесување, и го исклучија од пратеничката група, со објаснување дека неговото однесување е „антипарламентарно„ и „антиколегијално“.
Пратеникот на Нова демократија од Драма, не се извини на седницата, но го направи истото неколку дена подоцна на социјалните мрежи.
Меѓудругото напиша дека се извинува од срце и објасни дека неговото однесување било резултат на акумулиран бес, бидејќи пратениците на партијата постојано биле обвинувани дека биле убијци и криминалци во врска со железничката несреќа кај Темпи, поради која и беше покрената инцијативата за гласање за недоверба на грчката Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Нови масовни протести низ Грција за железничката несреќа кај Темпи
Напиша и дека избрал погрешни зборови.
Рејтингот на партијата на Константопулу, чија партија застана зад инцијативата, последните месеци постојано расте.
И Македонија деновиве ја тресе сличен скандал. Како што е познато министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриеска ја навреди пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во македонското Собрание, и не се извини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Константопулу