Денеска во Кривичниот суд Скопје беше одложено судењето за даночно затајување во кое еден од обвинетите е поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи (УЈП), Исмет Гури, кој неодамна се предаде на полицијата откако претходно избега од куќен притвор,
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот заменик директор на УЈП, Гури, сам се пријавил во полиција
Судењето беше одложено за 4. октомври, бидејќи во судницата не се појави еден од обвинетите.
На Гури му се суди за случајот со даночни измами во кој беа осомничени вкупно 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, а кои се товарат за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, даночна измама и перење пари.
Според Јавното обвинителството, Гури бил вплеткан во шема со даночна измама и правел поврат на ДДВ преку фиктивни сметки од 840.000 евра, а со парите купил и деловен простор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Објавена потерница од избеганиот Исмет Гури, поранешен функционер на ДУИ