Денес, во 13 часот во Чифте Амам, свечено беше отворена изложбата „Најдрагиот Пинокио“ на ADI Design Museum, посветена на 140 години од првото издание на Пинокио и содржи избор на дизјанерски проекти на италијански компании направени специјално за изложбата.
Амбасадорот на Република Италија во земјава, Андреа Силвестри, ги претстави настаните што ќе се одвиваат во рамките на Денови на италијанскиот дизајн и ја потврди традиционалната заложба на Амбасадата на Италија во Скопје да продолжи да ѝ нуди на македонската публика избор од врвните италијански остварувања во сите области и додаде:
„Оваа изложба е одличен пример за тоа како италијанските современи дизајнери умеат да ги соединат своите креативни способности со една традиционална икона од италијанското и светското културно наследство, како што е Пинокио“.
Изложбата ќе биде отворена за македонската публика до 28. март, и во овој период се очекува да биде посетена од децата од многу училишта и градинки, како и деца со посебни потреби, кои со помош на кураторите од галеријата ќе учествуваат на посебни работилници каде што ќе го изработуваат Пинокио од дрвени коцки.
Настаните организирани од Амбасадата на Италија и ИТА- Italian Trade Agency, со кои се промовира уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизјан, под мотото „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“ продолжуваат и во наредните денови.
Денес, со на Факултетот за ликовна уметност во Сули ан се одржа и Мастерклас на познатиот италијански дизајнер Лука Боскардин, започнаа деновите на италијански дизајн во Скопје. Мастеркласот беше проследен од повеќе од 100 учесници, професори, студенти и дизајнери.
Дизајнерот Боскардин, утре ќе одржи Мастерклас за студентите и професорите и на Факултетот за ликовна уметност при Државниот Универзитет во Тетово.
Утре, со почеток во 19 часот во Ист Гејт Мол ќе се одржи модна ревија на која ќе бидат претставени најновите колекции на италијанските брендови Armani, Exange, Patrizia Pepe, Twinset, Dan John, Errea, Rebecca, Just Cavalli, Furla, Versace, Benetton со која ќе се отвори 28. сезона на Fashion Weekend Skopje!
Настанот е од отворен тип, наменет за сите посетители и љубители на модата и дизјанот, кои ќе можат лично да ја почувстуваат возбудата на гламурот од италијанските модни писти.
Промотивна објава