Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ информира дека утрово пријавила во полиција упад на манастирскиот имот на црквата Св.Атанасиј на тетовското Кале, при што е оштетена црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета.
„Ова се случува нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава.
Ова е време на големиот пост кога Христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани Муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поставени, па остранети знамињата на Албанија и на УЧК на црквата Св. Атанасиј во Тетово
Фото: Тетовско-гостиварска епархија