еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Најголем дел од граѓаните кои се обесштетуваат преку НЛБ Банка, имале до 100 денари на сметка во Еуростандард банка

Исплатата на обесштетувањето на граѓаните кои имале сметки во „Еуростандард банка“ поминува во најдобар ред во НЛБ Банка, одговори денеска на новинарско прашање претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Антонио Аргир.

Тој истакна дека најголем дел од тие клиенти имаат до 100 денари заостанати средства на трансакциската сметка.

„Иако бројката изгледа поголема, клиентите со над 1.000, 5.000 денари се значително преполовени. Кај нас е зголемен бројот на клиенти кои отвораат трансакциски сметки, поради пропаѓањето на банката,“ додаде Аргир.

И како член на Македонската банкарска асоцијација, Аргир уште еднаш потенцираше дека банкарскиот сектор е стабилен и банките го апсолвирале ударот од затворањето на „Еуростандард банка“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори во април или мај

Редакција

(Видео+Фото) Пендаровски на средбата со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј разговарале и за прашањето за решавање на статусот на МПЦ

Редакција

(Видео) Ламбе го запали „францускиот предлог“ пред Влада: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Редакција