Претседателот Стево Пендаровски ќе се „проба“ за втор мандат, откако владејачката СДСМ на состанокот на раководството денеска одлучило да застане зад неговата кандидатура.
За него ќе одлучуваат и членовите на Централниот и на Извршниот одбор на партијата на 3. март.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак информираа дека пратеничката и универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова е единствената која се пријавила на јавниот повик за избор на кандидат на партијата за претседател.
За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Македонија на партијата, која ќе се одржи на 2. март.
Актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски исто така ќе се кандидира за претседател. Како кандидат го предложила неговата партија ГРОМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција
Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица