еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Повисока за 840 денари: Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денари

Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември кога беше 62.021 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, таа изнесува 78.236 денари.

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.075 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.728 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.020 денари или 9,6 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2.087 денари или 3,3 отсто, за здравје 1.135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4.727 денари или 7,5 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство во декември годинава му биле неопходни 3.417 денари или 5,4 отсто, за рекреација и култура 4.458 денари или 7,1 отсто, за образование 6.984 денари или 11,1 отсто, за ресторани и хотели 4.131 денар или 6,6 отсто, а за останати стоки и услуги 1.100 денари или 1,7 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21.395 денари.

– Забележително е дека од септември кога беше воведена првата мерка од страна на Владата за ограничувањето на маржите и со последната мерка односно акција за намалување на цените за најмалку 10 отсто, тие даваат резултат, делот на храната и пијалоци во Синдикалната минимална кошница кој за декември изнесува 23.075 денари спореден со септември 2024 година (23.034 денари) е зголемен за 41 денари, со што се потврдува дека мерки се потребни почесто имајќи предвид дека од страна на трговците се злоупотребува секоја прилика за да се богатат на грбот на граѓаните и работниците, се вели во соопштението.

Трговците повторно го искористија периодот пред стапување на сила на последната акција и евидентно ги зголемија цените, а дополнително и вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалоци за 63 основни производи кои се дел од истата за декември изнесува 23.075 денари, со што е зголемен за дополнителни 397 денари, наместо да биде намален за најмалку 10 отсто, посочуваат од таму.

Сојузот на синдикатите на Македонија бара мерките да траат подолго, за Владата значително да придонесе за зачувување на животниот стандард на граѓаните, а следната мерка да биде без за истата да бидат информирани трговците и стопанствениците за да не направат повторно злоупотреби на грбот на граѓаните и работниците.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата ќе удри по џебот на граѓаните: За стан или викендичка која не ја користите три пати поскап данок, ако не пријавите дека ги имате ќе ви наплатат пет пати поскапо

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Презентерката и несудена конзулка, Бесмира Ејупи се вработила во МНР

Редакција

Палевски го однесов во Белград за на преглед, не знаев за убиствата, вели неговиот адвокат Стојков

Редакција