еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Општина Арачиново пример како не се штеди струја

Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија три општини во Македонија во октомври и во време на енергетска криза потрошиле повеќе струја, споредено со лани.

Без изненадување рекордер со 474% или пет пати поголема потрошувачка е скопската општина Арачиново, каде имаше најголема потрошувачка и во септември.

Од Општината се правдат дека зголемената потрошувачка била оти се преселиле од барака во нови простории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арачиново со најголема потрошувачка: Општините во септември заштедиле 29% струја

Другите две се Општина Студеничани, каде зголемувањето е 11% и Општина Лозово, каде потрошувачката е повисока за 12%.

Од 81 општина, 65 општини во октомври постигнале заштеда од најмалку 15%, од нив 12 општини постигнале заштеда поголема од 50%. Шеснаесет општини не успеале да заштедат повеќе од 15%.

Најмногу заштеди имала Општина Новаци – 76%, следи Општина Штип -72% и Општина Сопиште 70%.

Казна за Општината Арачиново, која континуирано последниве години добива пари од државата или поточно од граѓаните, нема да има оти општините имале само препорака за заштеда на струја од 15%, рече на вчерашната прес-конференција министерот Крешник Бектеши.

Во два наврати Општина Арачиново, во 2020 и 2022 година доби вкупно 1,6 милион евра неповратна помош.

Арачиново не е само рекордер по потрошена струја, туку и по кражба на истата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопскиот регион се краде струја во вредност од 50 милиони евра годишно

„Членка на НАТО преговара со едно село да плати струја“: Твитер реакции за Арачиново

Арачиново е и рекордер по неплаќање на даноци, односно таму воопшто не се наплаќаат даноци, како што покажуваат податоците за 2017, 2018 и 2019 година, оти општината немала база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои министерства и државни претпријатија заштедиле најмногу струја во октомври

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Санела Шкријељ, заменик министерката за труд и социјална политика

Редакција

(Фото) Знамето на НАТО кренато пред Влада

Редакција

Изјавите на Пендиков се чиста глупост, оцени Спасовски

Редакција