еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Барањето за регистрирација на бугарското здружение „Цар Фердинанд“ во Богданци одбиено

Централниот регистар пред неколку дена го одбил барањето за регистрација на бугарското здружение „Цар Фердинанд“ во Богданци.

Од контроверзната бугарска фондација „Македонија“ на Фејсбук го објавија образложението во кое стои дека тоа е направено поради „неотстранување на недостатоци“.

„Заклучокот се донесува поради тоа што поднесителот на пријавата во законски определениот рок, не ги отстрани недостатоците наведени во уредно доставеното известување од 12.10.2022 година“, се вели во одговорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рампа за бугарскиот клуб “Цар Фердинанд“, кој треба да се отвори во Богданци

Минатиот месец новоформираното Советодавното тело во Министерството за правда, кое ја разгледува употребата на имиња на историски личности при именувањето на граѓански здруженија и фондации, не даде согласност за користење на името „Цар Фердинанд“ за бугарскиот клуб во Богданци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Цар Фердинанд по кој е именуван третиот бугарски клуб

Од бугарската фондација „Македонија“ најавуваат дека основачите и раководството на „Цар Фердинанд“ ќе поднесат жалба во законскиот рок, и дека судењето сигурно ќе стигне до Европскиот суд за човекови права и дека Македонија ќе била осудена.

„Ќе има здружение Цар Фердинанд, макар поминале 10 години. Вечерва ќе го известиме Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и Амбасадата на Европската Унија во Скопје. Канцеларијата на нашиот адвокат, кој ја надгледува регистрацијата на здружението, е предмет на постојани проверки и закани од различни државни органи.

На лесен или на потежок начин државата С Македонија ќе го признае правото на Бугарите во земјата да бидат државотворен народ!“, пишуваат од фондација „Македонија на Фејсбук, од каде и најавуваат дека ќе ја „кажат“ Македонија на Грција дека не го почитува Преспанскиот договор.

„Со овој документ Централниот регистар не го почитува договорот од Преспа (со Грција), нарекувајќи ја земјата „Република Македонија“. Ќе испратиме сигнал и до грчката амбасада во Скопје“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројката на заразени од корона вирусот во светот надмина осум милиони

Редакција

Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада, нов јавен обвинител и комисија се неприфатливи

Редакција

На продажба пакет од 1.783 акции на Реплек преку моделот “се или ништо“

Редакција