еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рампа за бугарскиот клуб “Цар Фердинанд“, кој треба да се отвори во Богданци

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд.

Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА, Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

– Тој владее со Бугарија во 19 и 20 век, ја спроведува Бугарија во три војни кои за Македонија се со девастирачки карактер, поради тоа сè уште има спомени во населението на Македонија дека ова не може да се смета за позитивно и да се даде позитивно мислење, рече Петровски.

Петровски посочи дека нивното советодавно мислење ќе биде доставено до Министерството правда, кое, потоа ќе одлучува по него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Цар Фердинанд по кој е именуван третиот бугарски клуб

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани без ПЦР тест од денеска само во Косово, не и во Србија, Црна Гора и БиХ

Редакција

(Фото) Невообичаени гости денеска во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби

Редакција

Граѓаните кои немаат матичен лекар во Македонија и работат во странство, а се вакцинирале овде, ќе добијат сертификат

Редакција