еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Бугарија го затвора здружението кое го отвори македонскиот клуб во Благоевград

Порталот 360 степени објави дека во Централниот регистар на Бугарија пишува дека Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, кое го отвори македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, е „во ликвидација“.

Пред три години тамошното Обвинителство покренало постапка против здружението, кое е регистрирано во 2019 година, а случајот добива правна разврска сега, во втората половина од месецов.

Одлуката на тамошниот суд е правосилна од месецов, а основата е случај отворен од Јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на здружението се спротивни на бугарскиот Устав и законите.

Ова може да значи и затворање на клубот, кој беше отворен изминатиов викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот клуб во Благоевград не бил регистриран, а како да се регистрира кога Бугарија не дозволува

За градоначалникот на Благоевград, македонскиот клуб е канцеларија и не е легитимен

Фото: Максим Димитриевски/Фејсбук/360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија и Унгарија ќе испратат покана до Македонија да се приклучи кон изградба на брза железница

Редакција

Садула Дураки на „тапет“ на Твитер: „Многу ќе беше појако Вентили да го ставеа за директор на Водовод, ама Владата нема смисла за хумор„

Редакција

Радев пак бара македонските Бугари да влезат во Уставот пред почеток на преговорите

Редакција