еМагазин
Image default
Македонија

Радев пак бара македонските Бугари да влезат во Уставот пред почеток на преговорите

Бугарскиот претседател Румен Радев побара јасни гаранции од Северна Македонија за почитување на правата на Бугарите во државата. Тој бара пред почетокот на преговорите на земјава со ЕУ да има јасни гаранции за заштита на бугарското културно и историско наследство во Македонија.

Радев, како што јави дописникот на МИА од Софија, ова го кажал на средбата со претставници на здруженијата на Бугарите од Северна Македонија, при што додал дека „Бугарија високо ги вреднува врските со Северна Македонија и со нејзините сонародници во неа“.

– Пред да се отвори вратата за преговори, треба да се види јасен и одржлив процес на искоренување на јазикот на омразата. Бугарија сериозно ги сфаќа проблемите на македонските Бугари и високо го цени нивното мислење како побрзо Северна Македонија да го постигне членството во ЕУ, рече тој.

Според него, тргањето на страна на политичките проблеми, порано или подоцна ќе доведе до блокирање на процесот на европска интеграција на Северна Македонија, нешто, што според него, Бугарија категорично не го сака.

– Јас барам да има јасни гарации и одржлив процес на европската интеграција на Република Северна Македонија. Бугарија е земјата којашто сака тоа да се случи најмногу, рече Радев и додаде дека впишувањето на македонските Бугари во Уставот на Северна Македонија, освен што ќе доведе до гарантирање на нивните права, треба да биде и задолжителен услов за давање согласност од страна на Бугарија за почеток на преговорите.

Според него, тоа во никој случај не е мешање од страна на Бугарија во внатрешните работи на Северна Македонија, туку, вели тој, повеќе „загриженост и поддршка за нејзиниот одржлив пат кон членството во ЕУ“.

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Нонсенс е дека нашата историја до 1945 била бугарска

Редакција

Во „Титаник 3“ на СЈО назначен нов судија, следното рочиште на 15. март

Редакција

Приведен Емил Јакимовски кој им се закануваше на новинарките Јорданова и Коровешовска

Редакција